Две изложби ќе бидат отворени вечер во Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп. Во 19 часот во Ликовниот салон ќе биде отворена изложбата „Доминанта“ од прилепски уметници, членови на Друштвото на ликовните уметници на Прилеп. Во 20 часот во Ликовната галерија ќе биде отворена изложбата „Насмеани лица и состојби“ од прилепскиот уметник Емил Солески.
На „Доминанта“ со дела ќе се претстават: Дарко Талески, Филип Јовески, Методи Исков, Емил Солески, Лепа Милошевска, Славчо Павлоски, Елена Димоска, Филип Перески, Верче Николоска, Маја Ралева-Миладиновски и Марјан Стојаноски.