На 20 ноември во „Јавна соба“ во Скопје македонската кантавторка Дина Јашари ќе ја има својата концертна промоција на нејзиниот последен албум „Растенија без корен“.
– Растенија без корен – во живо, искрено и топло, во градот. Кога надвор е ладно и се стемнува рано, музиката нека нѐ стопли – вака младата кантавторка ни го најавува концертот.
На концертот ќе настапи со нејзиниот долгогодишен бенд: Лука Тошев (гитара), Драган Теодосиев (тапани), Андреа Мирческа (бас), а најавува и еден специјален гостин.
Албумот „Растенија без корен“ е деби-албум на македонската кантавторка Дина Јашари. Содржи девет песни, снимени во различен период од изминативе три години, на различни локации со различни луѓе.