Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

„Аматери“ на Синиша Евтимов премиерно во Театар Комедија – одбележување на 50. премиера од основањето на театарот

„Аматери“ на Синиша Евтимов премиерно во Театар Комедија – одбележување на 50. премиера од основањето на театарот

„Аматери“, во режија, авторство и музика на Синиша Евтимов, е новата театарска претстава на Театар Комедија, која премиерно ќе биде изведена вечер (15 октомври), со почеток во 20:00 часот.

Во претставата играат: Атанас Атанасовски, ​Валентин Костадиновски, ​Сергеј Димоски, ​Тони Денковски, ​Виктор Арсов, ​Јаков Спасов, ​Столе Мицов, ​Илија Илиоски, Жарко Димоски, ​Жаклина Петровска, ​Маја Љутков и ​Елена Кузманов. Сценографијата, костимите и дизајнот на видеото се на Илина Ангеловска, а асистент на режиja е Борjан Стоjков.

Оваа претстава ја одбележува педесеттата премиера по ред од основањето на Театар Комедија и претставува значаен јубилеј во неговата историја.

Првата реприза е закажана за 16 октомври.

Мени за пристапност