Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

„Болва в уво“ вечер премиерно во Драмски театар – Скопје

„Болва в уво“ вечер премиерно во Драмски театар – Скопје

Драмскиот театар од Скопје вечер премиерно ќе ја изведе претставата „Болва в уво“ од францускиот комедиограф Жорж Фејдо, во режија на Синиша Евтимов, кој е автор и на адаптацијата на текстот.  Со оваа, петта премиера, Драмски театар – Скопје ја завршува продукцијата во 2025 година.

 

„Болва в уво“ на сцената на Драмски се поставува повторно по пауза од над 30 години. Претходната, премиерно изведена во 1974 г. во режија на Димитрие Османли, имала 453 изведби најмногу одиграни на сцената на овој театар.

 

Во претставата играат: Дениз Абдула (кој игра две улоги), Ања Митиќ, Марјан Наумов, Лазар Христов, Игор Стојчевски, Стефан Вујисиќ, Нина Елзесер, Владимир Петровиќ, Рубенс Муратовски, Катерина Шехтанска, Томислав Давидовски, Јована Спасиќ, Петар Стојковиќ и Ивана Павлаковиќ.

Сценограф е Мартин Манев, костимограф Раде Василев. 

Мени за пристапност