Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

„Болва в уво“ на „Денови на комедија“ во Куманово

„Болва в уво“ на „Денови на комедија“ во Куманово

Претставата „Болва в уво“ од Жорж Фејдо, во режија и адаптација на Синиша Евтимов, денеска ќе биде изведена во рамките на 29. Меѓународен театарски фестивал „Денови на комедија“ во Куманово.

Претставата на Драмскиот театар Скопје ќе се игра од 20 часот на големата сцена на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“. Во комичната фарса се прикажуваат недоразбирања, сомнежи и замени на идентитети, а во претставата настапува ансамблот на Драмскиот театар Скопје.

Фестивалот „Денови на комедија“ се одржува до 5 октомври, со 11 претстави од театри од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина и од Бугарија.

Мени за пристапност