Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Битолски театар светскиот Ден на театарот ќе го одбележи со „Сомнително лице“

Битолски театар светскиот Ден на театарот ќе го одбележи со „Сомнително лице“

Светскиот Ден на театарот на 27- ми март, Битолски театар ќе го одбележи со изведба на претставата „Сомнително лице“ од Бранислав Нушиќ во режија на Деан Дамјановски.

 

Главната улога во претставата ја толкува актерот Марјан Ѓорѓиевски, а заедно со него на сцената на битолскиот театар ќе настапат и Валентина Грамосли, Јулијана Мирчевска, Никола Пројчевски, Филип Мирчевски, Петар Спировски, Борче Ѓаковски, Никола Стефанов, Александар Копања, Александар Стефановски, Васко Мавровски и Сандра Грибовска.

 

Сценографијата и дизајнот на плакатот е на Филип Јовановски, костимите се на  Андреј Папаз Ѓоргиевски, а композитор на музиката е Марјан Неќак.

Мени за пристапност