На 24 ноември во 19 часот во објектот Чифте амам ќе биде отворена јубилејната изложба „Јубилеј – 30 години“ на академскиот сликар Билгаип Кочиште-Биге.
Изложбата претставува пресек на триесетгодишното творештво на уметникот, со дела создадени до 2026 година, преку кои се опфатени неговите различни тематски и ликовни истражувања – од пејзажи и портрети до апстрактни композиции. Препознатливо за неговиот сликарски израз е експериментирањето со текстури, боја и материја, како и движењето меѓу фигуративното и апстрактното.
На отворањето ќе се обратат в.д. директорката на Националната галерија, Нарона Љума Весели, кустосот Елена Георгиевска Иванова и уметникот Билгаип Кочиште-Биге.