Во рамките на фестивалот РУТА (Регионална унија на театри), вечер на сцената на Драмскиот театар – Скопје ќе гостува Белградскиот драмски театар (Београдско драмско позориште) со претставата „Повеќе од игра“ во режија на Иван Вуковиќ, која е адаптација на текстот на Слободан Стојановиќ за истоимената култна ТВ-серија од крајот на 1970-тите години. „Повеќе од игра“ е четврта од седумте претстави на програмата на фестивалот РУТА во Драмскиот театар во Скопје, кој се одржува од 25 до 31 октомври. Во преостанатите три дена од РУТА ќе бидат изведени и претставите: „Мајки“ на Театарот „Улисис“ од Хрватска, „Три милиони минути“ на Градскиот театар од Љубљана (Местно гледалишче љубљанско) и „За цел живот“ на „Сараевскиот воен театар“ (Сарајевски ратни театар – САРТР) – со која в петок ќе биде затворен фестивалот.