Барате меѓународни партнери за претстојниот повик за Европски проекти за соработка? Имате проектна идеја што би сакале да им ја претставите на потенцијалните партнери?
Десковите на Креативна Европа од Бугарија, Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Грција, Црна Гора, Северна Македонија, Романија и Србија ги покануваат културните и креативните организации да учествуваат на настанот Balkan COOP Matchmaking.
Настанот ќе се одржи онлајн и ќе биде посветен на претставување проектни идеи, вмрежување и воспоставување меѓународни партнерства во пресрет на претстојниот повик за Европски проекти за соработка 2027.
По претходното издание, оваа иницијатива продолжува да обединува организации од целиот Балкански Регион и пошироко, создавајќи можности за размена на идеи, запознавање потенцијални партнери и развивање нови културни соработки низ Европа.
КОГА: 10 декември 2026 година (четврток)
ВРЕМЕ: 10:00 – 13:00 часот (CET)
КАДЕ: Zoom | Сите регистрирани учесници ќе добијат линк за пристап до Zoom на 9 декември 2026 година.
РАБОТЕН ЈАЗИК: англиски
УЧЕСТВО: бесплатно, со претходна регистрација
ШТО ВЕ ОЧЕКУВА?
Тричасовната програма ќе опфати практични информации за претстојниот повик за Европски проекти за соработка, како и можности за претставување проектни идеи и воспоставување нови професионални контакти.
- Вовед во повикот за Европски проекти за соработка – краток преглед на претстојниот повик, со совети од гостин-евалуатор за подготовка на проектни предлози за соработка.
- Претставување проектни идеи – избрани организации од земјите учеснички ќе ги претстават своите проектни концепти, цели и потреби во однос на партнерствата.
- Вмрежување според културните и креативните сектори – во посебно организирани Zoom-соби, учесниците ќе можат да се поврзат со организации што работат во сродни културни и креативни сектори, да разменат идеи и да ги истражат можностите за воспоставување партнерства.
КАКО ДА УЧЕСТВУВАТЕ?
Учесниците ќе имаат можност да претстават проектна идеја (pitcher) или да се пријават како набљудувачи (observer).
Презентер на проектна идеја / PITCHER
Културните и креативните организации од Балканскиот Регион се поканети да се пријават за претставување на своите проектни идеи доколку подготвуваат проектен предлог за претстојниот повик за Европски проекти за соработка и бараат меѓународни партнери.
Во првиот круг, секоја земја учесничка ќе избере по еден проект. Избраните презентери ќе имаат на располагање 3–5 минути за да ги претстават своите идеи, користејќи стандарден образец за презентација што ќе го обезбедат организаторите.
Рок за пријавување проектни идеи: 25 ноември 2026 година (среда).
За регистрација како презентер/pitcher користете го следниов линк
Избраните презентери ќе бидат известени најдоцна до 1 декември, а презентациите ќе треба да ги достават до 3 декември 2026 година.
Набљудувач / OBSERVER
Културните и креативните организации, како и професионалците од културниот и креативниот сектор од сите земји што ги исполнуваат условите за учество во програмата Креативна Европа, можат да се пријават како набљудувачи доколку се заинтересирани да се вклучат во балкански проект за соработка или да истражат нови можности за меѓународна соработка.
Набљудувачите ќе можат да ги следат презентациите на проектните идеи, да се запознаат со предложените проекти и да учествуваат во сесиите за вмрежување според културните и креативните сектори, со цел да остварат контакти со потенцијални партнери.
Рок за регистрација: 8 декември 2026 година.
За регистрација како набљудувач/observer користете го следниов линк
Сите регистрирани учесници ќе добијат линк за пристап до Zoom на 9 декември 2026 година.
За дополнителни информации, обратете ни се на е-поштата: biljana.prentoska@ced.mk и lidija.pajevikj@ced.mk
Настанот го организираат Десковите на Креативна Европа од Бугарија, Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Грција, Црна Гора, Северна Македонија, Романија и Србија.