Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Античкиот грчки „Мит за амазонките“ вечер на „Охридско лето“

Античкиот грчки „Мит за амазонките“ вечер на „Охридско лето“

Публиката на фестивалот „Охридско лето“ вечер од 21 часот на сцената „Долни Сарај“ ќе има можност да ужива во балетската претстава „Митот за амазонките“ во изведба на АРТ денс театар од Грција, а во режија и кореографија на Артемис Игнатиу.

 

„Митот за амазонките“ е танцов перформанс кој се базира на античкиот грчки мит за амазонките, со музика специјално компонирана за оваа претстава.

 

Претставата се фокусира на двата најпознати мита поврзани со амазонките митот за кражбата на златниот ремен од страна на Херкулес и митот за борбата меѓу Пентесилеја и Ахил, во која Ахил ја убива Пентесилеја, а потоа ѝ го отстранува сребрениот шлем кој ѝ го покрива лицето и вчудовиден од нејзината убавина, се вљубува во неа.

 

Артемис Игнатиу е режисер, кореограф и уметнички директор на церемонијата на палење и предавање на Олимпискиот пламен.

Мени за пристапност