Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

15 млади флејтисти од регионот ги усовршуваат своите вештини на Кожув

15 млади флејтисти од регионот ги усовршуваат своите вештини на Кожув
Во тек е 16.Меѓународен флејтистички концертен подиум на Кожув Планина во близина на Кавадарци.
 
На манифестацијата учествуваат 15 млади флејтисти од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина и Бугарија, кои во текот на неколкудневната програма имаат можност да работат и да ги усовршуваат своите музички вештини под менторство на истакнати професори и флејтисти од регионот.
 
Уметничкиот и едукативниот дел го реализираат професорите Страшо Темков од ФМУ-Скопје, кој е и раководител на фестивалот, Миомир Симоновиќ од ФМУ во Белград, Ѓорѓи Спасов од ФМУ во Софија и Соња Милетиќ од ФМУ во Бања Лука.
 
Програмата на подиумот опфаќа едукативни активности, индивидуална работа и концертни настапи, а ќе биде заокружена оваа сабота на 29 август со завршен концерт, на кој младите учесници ќе се претстават пред публиката со дела од домашни и светски композитори.

Мени за пристапност