Осум претстави ќе бидат дел од програмата на 11. „Битола Шекспир фестивал“ што годинава ќе се одржи од 14 до 21 ноември.
Публиката ќе може да проследи претстави од: Полска, САД, Хрватска, Англија, Бугарија и од Македонија, под мотото „Стореното не може да се поништи“.
На програмата ќе бидат: „Дванаесеттата ноќ“ на Драмскиот театар „Александар Венгерко“ од Бјалисток, Полска (15 ноември); „Кралот Лир“ на „Lit Moon Theatre“ од САД (17 ноември); „Еволуцијата на распадот“ на Театарското здружение „Артема театарска лабораторија“ од Скопје (18 ноември); кореодрамата „Само ти(и)ја/Only You (and I)“ на Здружението на граѓани „Тим театрос К“ од Скопје (19 ноември); „Ричард III“ на Народниот театар од Битола (19 ноември); „Јас Писблосом/I, Peaseblossom“ на „Hani-Tong Theatre“, Хрватска/Англија (20 ноември); монодрамата базирана на извонредната ревизија на Шекспировата ,,Сон на летната ноќ“ од Тим Крауч и „Како што милувате“ на Драмскиот театар „Стојан Бачваров“ од Варна (21 ноември).