Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Започнуваат конзерваторско-реставраторските зафати во црквата „Св. Константин и Елена“ во Мокрино

Започнуваат конзерваторско-реставраторските зафати во црквата „Св. Константин и Елена“ во Мокрино

– Со над 2 милионa денари, обезбедени преку унгарската кредитна линија, следната недела започнуваат конзерваторско-реставраторските зафати на ѕидното сликарство во црквата „Св. Константин и Елена“ во село Мокрино, Општина Ново Село – најави министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, при денешната посета на сакралниот објект, заедно со директорот на Заводот и музеј – Струмица, Бранко Ѓоргиев, и градоначалникот на Општина Ново Село, Ѓорги Божинов.

 

Љутков истакна дека со овој проект се прави конкретен исчекор во заштитата на културното наследство, нагласувајќи дека: „денес, наместо празни ветувања, постојат конкретни проекти, јасен план и обезбедени средства“.

 

Црквата „Св. Константин и Елена“, изградена во 1870 година, претставува едно од најзначајните културни и духовни обележја во Струмичкиот Регион.

 

Носител на активностите е Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј – Струмица, во соработка со стручни лица од Националниот конзерваторски центар од Скопје.

 

Овој проект претставува значаен чекор во зачувувањето и афирмацијата на културното наследство на Општина Ново Село. Министерството и во иднина ќе продолжи со континуирани вложувања во заштитата и зачувувањето на нашето вредно културно наследство за идните генерации.

Мени за пристапност