Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Владина делегација на средби во УНЕСКО: Потврдена определбата на државата за спроведување на преземените обврски за заштита на Охридскиот Регион

Владина делегација на средби во УНЕСКО: Потврдена определбата на државата за спроведување на преземените обврски за заштита на Охридскиот Регион
 
Владина делегација во состав Александар Николоски - заменик-претседател на Владата и министер за транспорт, Тимчо Муцунски - министер за надворешни работи и надворешна трговија, Зоран Љутков - министер за култура и туризам; Муамет Хоџа - министер за животна средина и просторно планирање; како и градоначалниците на Општина Охрид и Општина Струга, Кирил Пецаков и Менди Ќира, вчера и денес престојува во работна посета на Париз, каде оствари средби со високи претставници на УНЕСКО.
 
На средбите со генералниот директор на УНЕСКО, Калед Ел-Енани, претседателот на 43-тата сесија на Генералната конференција на УНЕСКО, Конгкер Мохамад Талха, и претседавачот на Извршниот одбор на УНЕСКО, Насер бин Хамад Ал Хинзаб, беше разговарано за значењето на УНЕСКО во современиот свет како единствена мултилатерална организација што промовира дијалог и меѓународна соработка во областите на образованието, науката, културата и комуникациите.
 
Во фокусот на разговорите беше состојбата со заштитата на Охридскиот Регион како природно и културно светско наследство, при што беше нагласена важноста од континуирана и навремена имплементација на препораките за заштита, со цел зачувување на неговиот статус на Листата на светско наследство.
 
За време на средбите беше потврдена определбата на државата за спроведување на преземените обврски за заштита на Охридскиот Регион, како и подготвеноста за продолжување на соработката со Република Албанија во рамки на постојните механизми, со цел обезбедување долгорочна и одржлива заштита на регионот. ‎

Мени за пристапност