Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Сулејмани во Куманово: Конкретни чекори за заштита на Табановската џамија

Сулејмани во Куманово: Конкретни чекори за заштита на Табановската џамија

Министерот за култура и туризам, Седат Сулејмани, во рамките на работната посета на Куманово, ја посети Коџа Мехмед-бег џамијата во селото Табановце, заедно со муфтијата на Куманово, Абедин Имери и директорот на НУ Национален конзерваторски центар, Александар Јорданоски. Притоа беше нагласена потребата од посебна грижа за овој објект од османлискиот период, прогласен за значајно културно наследство во 2008 година.

Сулејмани беше информиран дека Муфтиството на ИВЗ – Куманово ја завршило првата фаза од работите на џамијата, која опфати расчистување на надворешниот простор и обележување на границите на џамискиот двор. Следните фази продолжуваат во координација со надлежните институции.

Проектот за оваа џамија ќе биде дел од програмата на Министерството за култура и туризам за 2027 година, во рамките на заложбите за заштита и зачувување на културното наследство.

По посетата, министерот се сретна со градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски, со кого разговараше за изнаоѓање решение за изградба и уредување на пристапниот пат до џамијата. Договорот за купување земјиште за овој пат веќе е потпишан, со што е создадена основа за натамошните чекори за подобрување на пристапот до објектот.

Министерството за култура и туризам останува посветено на заштитата и афирмацијата на културното наследство преку соработка со локалната самоуправа, Муфтиството и надлежните стручни институции.

Мени за пристапност