Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Сулејмани и Шимковичова со посета на културно-историските знаменитости во Скопје

Сулејмани и Шимковичова со посета на културно-историските знаменитости во Скопје
Министерот за култура и туризам, Седат Сулејмани, и заменик-претседателката на Владата на Словачката Република и министерка за култура, Мартина Шимковичова, која престојува во официјална посета на земјава, посетија неколку културни институции во Скопје, каде што се запознаа со богатото културно и историско наследство на Северна Македонија.
 
Посетата беше можност за натамошно зајакнување на културните врски меѓу двете земји, како и за отворање нови перспективи за институционална соработка и културна размена.
 
Во рамките на посетата, министрите разговараа и со раководствата на Националната установа Ансамбл за народни игри и песни „Танец“ и Националниот ансамбл за албански народни песни и ора, при што беа разгледани можностите за воспоставување соработка и реализација на заеднички активности со соодветните институции во Словачка.
 
Оваа посета е дел од заложбите за продлабочување на културната соработка меѓу Северна Македонија и Словачка, дополнително зајакната со потпишувањето на новиот Договор за соработка во областа на културата.

Мени за пристапност