Министерот за култура и туризам, Седат Сулејмани, оствари средба со амбасадорот на Државата Катар во Северна Македонија, Рашид бин Саед Ал Хајареен, на која се разговараше за пријателските односи меѓу двете земји и можностите за продлабочување на соработката во областа на културата.
На средбата беше истакната важноста од зајакнување на институционалната соработка, културната размена и реализацијата на заеднички проекти што ќе придонесат за понатамошно зближување на двете земји.
Посебно внимание беше посветено на потребата од потпишување Програма за соработка во областа на културата, врз основа на Спогодбата од 2011 година меѓу двете земји. Исто така, се разговараше за можноста за организирање средба меѓу министрите за култура, со цел утврдување на следните чекори во соработката.
На средбата беше изразена заедничка подготвеност за продолжување на дијалогот и развивање нови иницијативи што ќе ги зајакнат културните врски меѓу Северна Македонија и Катар.