Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, денеска оствари средба со амбасадорката на Народна Република Кина, Џианг Сјаојан.
На средбата беше поздравена традиционалната соработка во областа на културата, како и заложбите за нејзино натамошно продолжување.
Во тој контекст, амбасадорката изрази интерес уметници од НР Кина да учествуваат на манифестации и фестивали во РСМ, како и да партиципираат во програмата „Скопје – Европска престолнина на културата 2028“. Таа информираше за планираните културни активности во септември годинава, меѓу кои и Ревијата на кинески филмови, при што двајцата соговорници го истакнаа потенцијалот за развој на соработка во филмската дејност меѓу двете земји.
Министерот Љутков информираше за проширените надлежности на Министерството во областа на туризмот и посочи дека тоа создава нови можности за развој на туристичката дејност и промоција на земјата како туристичка дестинација.