Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Силна поддршка за Охрид, Преспа и Дојран: Министерот Љутков со евроамбасадорот Рокас

Силна поддршка за Охрид, Преспа и Дојран: Министерот Љутков со евроамбасадорот Рокас

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, оствари исклучително продуктивен и охрабрувачки состанок со евроамбасадорот Михалис Рокас, на кој беа разгледани конкретни можности за поддршка на идните активности во областа на културата и туризмот.

 

Во фокусот на разговорите беа Охрид, Преспа и Дојран, како непроценливо природно и културно богатство со значителен потенцијал за одржлив развој и нивно поцврсто позиционирање како атрактивни туристички дестинации на регионално и на европско ниво.

 

Посебен акцент беше ставен на заедничките проекти за развој на културниот туризам, преку стратешко мапирање на локалните ресурси, нивна соодветна промоција и креирање автентични туристички понуди. Исто така, беше истакната важноста на инвестициите во инфраструктурата, меѓу кои и реконструкцијата на аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид, што ќе придонесе за подобра поврзаност и зголемен број на посетители.

 

Евроамбасадорот изрази јасна подготвеност за активна поддршка и вклученост во сите фази од процесот, додека министерот за култура и туризам ја нагласи определбата за продлабочување на соработката и реализација на конкретни и одржливи проекти во наредниот период.

 

 

Мени за пристапност