Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Отворена новата мултимедијална читалница во НУБ „Св. Климент Охридски“ и промовирани фототипни изданија за македонскиот јазик

Отворена новата мултимедијална читалница во НУБ „Св. Климент Охридски“ и промовирани фототипни изданија за македонскиот јазик

Во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје денеска беше отворена новата мултимедијална читалница, а се одржа и промоција на фототипните изданија од едицијата „НУБ за македонскиот јазик“.

 

 

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков во своето обраќање пред присутните истакна дека овој настан претставува значајно поглавје за Библиотеката.

 

 

– Отворањето на новата мултимедијална читалница во НУБ „Св. Климент Охридски“ и промоцијата на изданијата на фототипната едиција „НУБ за македонскиот јазик“ е потсетник дека иднината може да се гради само врз здрави темели. Овие изданија се живи сведоци на развојот на нашиот јазик, почит кон неговите корени и обврска да го чуваме неговото достоинство – рече Љутков.

 

 

Тој додаде дека отворањето на читалницата е чекор кон една современа библиотека која дише со времето, која се отвора кон новите генерации читатели, истражувачи, творци. Простор што им нуди на младите алатки за истражување, а на возрасните, спокојно место за дружба со книгата, место за мир и размисла.

 

 

Осврнувајќи се на фототипните изданија, министерот додаде дека тие имаат особено значење во зачувувањето на јазичното богатство.

– Во време кога зборот често се губи во брзината на секојдневието, овие дела нè повикуваат да се вратиме кон суштината: јазикот е дом на нашата колективна меморија.

 

Овие изданија се живи сведоци на развојот на нашиот јазик, почит кон неговите корени и обврска да го чуваме неговото достоинство – истакна Љутков.

 

Мени за пристапност