Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Одржана 19. седница на Советот за македонски јазик под раководство на новата претседателка

Одржана 19. седница на Советот за македонски јазик под раководство на новата претседателка

Денеска министерот за култура и туризам Зоран Љутков, на покана на новоименуваната претседателка на Советот за македонски јазик, проф. д-р Веселинка Лаброска, присуствуваше на 19. седница на Советот.

На работната седница беа разгледани значајни прашања поврзани со заштитата, негувањето и афирмацијата на македонскиот јазик, при што беа посочени и дискутирани конкретни мерки и активности  кои ќе бидат дел и од новата Национална стратегија за македонскиот јазик. Во функција на зајакнување на институционалната поддршка и унапредување на употребата на македонскиот јазик членовите на советот се осврнаа и на Националната стратегија за развој на културата за периодот 2026-2030 година.

Министерот Љутков и честиташе на проф. д-р Веселинка Лаброска за преземањето на функцијата претседателка на Советот за македонски јазик и ѝ посака успешна работа, изразувајќи уверување дека Советот и понатаму ќе дава свој значаен придонес во креирањето и спроведувањето на политиките за заштита и афирмација на македонскиот јазик.

Мени за пристапност