Министерот за култура, Седат Сулејмани, заедно со министерот без ресор, Зулфикар Зејнула, остварија официјална посета на Турскиот театар во Скопје.
На средбата беа разгледани приоритетите на институцијата како и кадровските решенија. Потоа, заедно со директорот на театарот, Осман Али, беше извршен увид во новиот објект на Турскиот театар.
Турскиот театар во Скопје постои 75 години, а веќе 10 години ги користи просториите на Театар Комедија. Новиот објект, кој се наоѓа во населбата Пролет, близу Железничката станица, почна да се гради пред 11 години. Автор на идејното решение е архитектот Виктор Михајлов, кој е автор и на објектот на Филхармонијата. Театарот ќе има две сали голема со 329 места и мала со 120 места.
Изградбата на објектот трае долги години, а неговото завршување турската заедница го очекува со голема надеж. Завршувањето на овој објект, кој е од исклучително значење и неговото конечно ставање во функција на уметниците и граѓаните ќе претставува голема заложба на министерот Сулејмани.
Во претстојниот период, ќе се работи на забрзување на потребните активности и надминување на постојните проблеми.