Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Министерот Сулејмани и градоначалникот Ѓеорѓиевски: Забрзана реализација на проектите за Скопје 2028

Министерот Сулејмани и градоначалникот Ѓеорѓиевски: Забрзана реализација на проектите за Скопје 2028
Министерот за култура и туризам Седат Сулејмани оствари работна средба со градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, на која беа разгледани заедничките приоритети и активности од значење за културниот развој на главниот град.
 
 
Посебен фокус на средбата беше ставен на „Скопје 2028 – Европска престолнина на културата“, како значајна можност за меѓународно позиционирање на Скопје и создавање трајни вредности за граѓаните.
Во таа насока, беше разговарано за финализирање на проектите поврзани со археолошкиот локалитет Скупи, Скопското Кале и Аквадуктот, унапредување на туристичките потенцијали на градот, како и за поефикасно поврзување на градските и националните установи од областа на културата.
 
 
Министерот Сулејмани и градоначалникот Ѓорѓиевски извршија и увид во градежните активности на Универзалната сала, еден од најзначајните културни објекти во Скопје. По завршувањето на реконструкцијата, Универзалната сала треба повторно да ги отвори своите врати за уметниците и публиката и да го врати своето значајно место во културниот живот на градот.

Мени за пристапност