Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Министерот за култура и туризам Седат Сулејмани оствари средба со амбасадорот на Република Словенија, Грегор Прескер.

На средбата беше потврдена континуираната поддршка на Словенија за европските интеграции на Северна Македонија, како и подготвеноста за размена на искуства и добри практики. Беше истакнато и дека односите меѓу двете земји се пријателски и партнерски.
 
Соговорниците разговараа и за унапредување на соработката во културата. Со оглед на тоа што последната Програма за соработка меѓу двете министерства истече во 2022 година, беше иницирана подготовка на нов билатерален документ.
 
Тема на разговорот беше и „Скопје – Европска престолнина на културата 2028“, при што беше поздравен неодамна потпишаниот Меморандум за соработка меѓу GO! 2025 и Фондацијата „Скопје 2028“.
Беа разменети и идеи за унапредување на соработката во туризмот, особено во насока на искористување на потенцијалите на двете земји.

Мени за пристапност