Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Министерот Сулејмани во работна посета на културните институции во Куманово

Министерот Сулејмани во работна посета на културните институции во Куманово

Министерот за култура и туризам, Седат Сулејмани, денеска оствари работна посета на НУ Музеј – Куманово и НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев“, каде се сретна со директорите на овие две национални установи за поблиску да се запознае со нивната работа, активности и приоритети.

При посетата на Центарот за култура, министерот изврши увид и во работите за реновирање на театарот и се информираше за нивниот тек.

На средбите се разговараше за реализацијата на културните програми, постојните капацитети и предизвиците со кои се соочуваат установите во извршувањето на своите надлежности. 

Внимание беше посветено и на потребите за подобрување на условите за работа и можностите за натамошен развој на нивната дејност.

Министерот Сулејмани истакна дека непосредната комуникација со директорите и вработените во установите е важна за утврдување на реалните потреби и приоритетите за поддршка.

Тој нагласи дека културните институции имаат значајна улога во зачувувањето на наследството, поттикнувањето на творештвото и доближувањето на културата до граѓаните.

Во таа насока, министерот ја потврди посветеноста на Министерството за култура и туризам на зајакнување на институционалните капацитети и создавање услови за поквалитетна, разновидна и достапна културна понуда за сите.

Работната посета на Куманово е дел од заложбите на Министерството за следење на состојбите и приоритетите во културните институции и зајакнување на соработката за унапредување на културниот живот во земјата.

 

Мени за пристапност