Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Министерот Сулејмани на средба со претседателот на СОНК, Јаким Неделков

Министерот Сулејмани на средба со претседателот на СОНК, Јаким Неделков
Денес, во просториите на Министерството за култура и туризам, министерот Седат Сулејмани оствари средба со претседателот на СОНК, Јаким Неделков.
На средбата се разговараше за прашања поврзани со правата, условите за работа и статусот на вработените во установите од областа на културата, како и за предизвиците со кои тие се соочуваат при извршувањето на своите работни обврски.
 
Една од темите на разговор беше и работната група за Законот за култура, во која СОНК активно и директно ќе учествува, со цел новите законски решенија да ги одразуваат реалните потреби и правата на вработените во културата.
Министерот Сулејмани ја истакна важноста на дијалогот со претставниците на синдикатите и институционалната соработка во изнаоѓањето одржливи решенија за прашањата што ги засегаат вработените во културата.
 
Тој посочи дека останува отворен за конструктивен дијалог со СОНК и за секоја иницијатива што придонесува за подобрување на условите за работа и унапредување на правата на вработените во културата.

Мени за пристапност