Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Министерот Сулејмани на средба со францускиот амбасадор Ле Риголер

Министерот Сулејмани на средба со францускиот амбасадор Ле Риголер
Министерот за култура и туризам, Седат Сулејмани, оствари средба со амбасадорот на Република Франција, Кристоф ле Риголер, и со директорот на Францускиот институт, Грегоар Жислер.
 
 
На средбата се разговараше за имплементација на неодамна потпишаниот Меморандум во областа на културата и туризмот и за можностите што тој ги отвора за реализација на заеднички проекти, особено во рамки на заштитата и промоцијата на културното наследство, креативните индустрии, туризмот и културната размена.
 
 
Исто така, се разговараше за проектот „Скопје – Европска престолнина на културата 2028“ и за можностите за соработка со францускиот град Бурж, кој, исто така, ќе ја носи оваа титула во 2028 година.
 
 
Министерот Сулејмани го истакна значењето на партнерството со Франција и подготвеноста за натамошно унапредување на соработката преку конкретни иницијативи и проекти.

Мени за пристапност