Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Љутков: Со ребалансот на буџетот обезбедивме 8 милиони денари за обнова на Скопското кале – симболот на Скопје

 Љутков: Со ребалансот на буџетот обезбедивме 8 милиони денари за обнова на Скопското кале – симболот на Скопје

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков, претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, директорката на Управата за заштита на културното наследство Весела Честоева, придружувани од градоначалниците на општините  Гази Баба, Аеродром, Ѓорче Петров и Бутел, денеска присуствуваа на координираната акција за  расчистувањето и уредување на просторот на Скопското кале.

 

Љутков истакна дека симболот на нашата историја и култура во последниве десетина години е уништуван и без никакво внимание. Тој информираше дека состојбата е лоша и со двата музеи на Калето за кои, како што рече, ќе треба комплетно обновување.

 

 

– Направивме план и со ребалансот на буџетот обезбедивме осум милиони денари коишто ќе бидат искористени до крајот на годината. Веднаш ќе пристапиме кон распишување јавна набавка за поправка на овие простории, а потоа и со реализација на целиот овој огромен проект којшто ќе треба веќе од 2026 година да биде пуштен во употреба – истакна Љутков.

 

 

Тој додаде дека е особено значајно што во период кога целата земја се соочува со ризици од пожари, како и со активни жаришта околу Скопје, ЗЕЛС излезе во пресрет и се вклучи во оваа акција, со цел Калето да биде безбедно и достапно за сите.

 

 

Љутков изрази уверување дека со заеднички сили, институциите, општините и јавноста, ќе се создадат услови ова културно богатство да биде уредено, зачувано и отворено за сите граѓани на Скопје и за туристите што го посетуваат нашиот град.

 

Целта е, рече тој, 2028 година, кога Скопје ќе биде европска престолнина на културата, овој простор да биде еден од најискористените.

 

Мени за пристапност