Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Љутков и Ѓорѓиевски потпишаа Меморандум за соработка во културата и туризмот со фокус на Скопје 2028

Љутков и Ѓорѓиевски потпишаа Меморандум за соработка во културата и туризмот со фокус на Скопје 2028

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, и градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска потпишаа Меморандум за соработка со кој се воспоставува рамка за заедничко дејствување во областа на културата и туризмот, со посебен фокус на развојот и промоцијата на Скопје како Европска престолнина на културата 2028.

Со овој документ двете институции ја потврдуваат својата заедничка определба за унапредување на културно-туристичката понуда, промоција на културното наследство, развој на одржлив и модерен туризам, како и зајакнување на институционалната соработка во интерес на граѓаните и посетителите на Скопје и на државата.

Соработката ќе опфати заедничко планирање и реализација на културни, туристички и промотивни активности, развој на дигитални и информативни алатки, поддршка на проекти и настани, како и координација на активностите поврзани со подготовките за Скопје – Европска престолнина на културата 2028.

Меморандумот претставува основа за понатамошна реализација на конкретни програми и иницијативи кои ќе придонесат за поголема видливост на културните вредности, туристичките потенцијали и урбаниот идентитет на Скопје.

Двете страни изразија уверување дека оваа соработка ќе придонесе за развој на современа, отворена и препознатлива културно-туристичка понуда, со која Скопје дополнително ќе се позиционира како атрактивна европска дестинација.

Мени за пристапност