Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Денес се одржа средба меѓу министерот за култура и туризам Седат Сулејмани и амбасадорот на Црна Гора, Зоран Миљаниќ

Денес се одржа средба меѓу министерот за култура и туризам Седат Сулејмани и амбасадорот на Црна Гора, Зоран Миљаниќ

Денес се одржа средба меѓу министерот за култура и туризам Седат Сулејмани и амбасадорот на Црна Гора, Зоран Миљаниќ, на која беа разменети мислења за натамошното унапредување на пријателските односи и соработката меѓу двете држави.

 

Европската интеграција на Северна Македонија и Црна Гора беше една од темите на разговорот, при што беше потврдена заедничката подготвеност за размена на искуства и добри практики во процесот на приближување кон Европската Унија.

 

Посебно внимание беше посветено на културната соработка, која во изминатиот период резултираше со бројни иницијативи и проекти. Соговорниците ја разгледаа и можноста за потпишување нов билатерален документ меѓу надлежните институции, кој би дал дополнителен поттик за развојот на соработката во областа на културата.

 

На средбата беа отворени и можностите за продлабочување на туристичката размена. Притоа беше посочено дека оваа година Црна Гора ја посетиле околу 33.000 туристи од Северна Македонија, што потврдува дека двете земји имаат значаен потенцијал за натамошно поврзување и во туризмот.

 

Претставници на Министерството за култура и туризам наскоро ќе учествуваат на Европско-азискиот интер-регионален форум за туризам, кој од 11 до 14 октомври ќе се одржи во Подгорица.

Мени за пристапност