По завршувањето на Саемот во Лајпциг, делегацијата од македонската Национална и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ од Скопје, предводена од директорот Јовица Никчевски, го посети македонскиот Културно-информативен центар во Загреб, каде што оствари работна средба со директорката на македонскиот КИЦ, Мими Ѓоргоска Илиевска.
Во рамките на средбата, македонската Национална и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ од Скопје на македонскиот КИЦ во Загреб му подари значајна донација од 100-тина наслови од сопствената издавачка дејност, потоа дел од актуелната македонска издавачка продукција финансирана од Министерството за култура и туризам преку т.н. задолжителен примерок, како и антологии на македонски и на германски јазик.