Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

„Живот посветен на архитектурата“ – ретроспективна изложба за македонскиот архитект Живко Поповски

„Живот посветен на архитектурата“ – ретроспективна изложба за македонскиот архитект  Живко Поповски

Во Музејот на современата уметност во Скопје утре, 3 септември, во 20:00 часот ќе биде отворена ретроспективната изложба „Живот посветен на архитектурата“, прва сеопфатна презентација на делото на еден од највлијателните македонски архитекти – Живко Поповски.

 

Темелена врз повеќегодишно истражување на проф. д-р Анета Христова-Поповска и проф. д-р Мери Батакоја, изложбата го осветлува неговиот проектантски опус, претставен со ексклузивни материјали од приватната архива. Во рамките на изложбата, публиката ќе има можност да види десетици оригинални проекти, цртежи, фотографии и видеа, кои за првпат го откриваат целосниот спектар на неговите авторски преокупации.

 

Кураторки на изложбата се Анета Христова-Поповска и Мери Батакоја.

 

Изложбата ја реализира Музејот на современата уметност – Скопје, со поддршка од Министерството за култура и туризам на Македонија како проект од национално значење за 2025 година.

Сите материјали се дел од приватната архива на Живко Поповски.

Мени за пристапност