Во македонскиот КИЦ во Загреб беше потпишан Меморандум за културна соработка меѓу Музејот за уметност и занаети во Загреб и Националната галерија на Република Македонија во Скопјe. Договорот го потпишаа директорот на Музејот во Загреб, Сањин Михелиќ, и директорот на Националната галерија на Македонија, Али Синани, и програмскиот раководител и виш кустос Маја Крстевска.
Меморандумот е резултат на воспоставеното партнерство и успешна имплементација на заеднички проекти меѓу загрепскиот Музеј за уметност и занаети и македонскиот КИЦ во Загреб, што дополнително ги зацврстува културните врски меѓу двете земји.
Воспоставената соработка со загрепскиот Музеј за уметности и занаети ќе се конкретизира преку низа идни проекти, меѓу кои веќе во октомври и ноември оваа година се издвојуваат две значајни изложби: „Менче Спировска: визуелни фасцинации на Загреб“, во галерискиот простор „Мала станица“ на Националната галерија на Република Македонија во Скопје и „Арсовски – фотографи“ во Музејот на град Скопје. Овие изложби на Музејот за уметности и занаети минатата година беа претставени пред хрватската публика во македонскиот КИЦ во Загреб.