Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Уметниците ги претставија своите дела на Годишната изложба на ДЛУМ

Уметниците ги претставија своите дела на Годишната изложба на ДЛУМ

Дела од последната продукција изложија членовите на Друштвото на ликовните уметници на Македонија на Годишната изложба што вчеравечер беше отворена во Мултимедијалниот центар „Мала станица“ во Скопје.

 

Изложбата ги обединува делата во класичните медиуми: цртежи, слики, графики, скулптури, практика, кои продолжуваат да ја формираат основата на визуелната креативност.

 

 Заедно со нив, современите пристапи, како што се: инсталациската уметност, концепциската практика, новите медиуми, дигиталната уметност и видеоуметноста, фотографијата, експерименталните процеси и хибридните техники, ги откриваат растечките можности на визуелната комуникација во 21 век.

Мени за пристапност