Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

„Страв и надеж“ – нова премиера во Македонскиот народен театар

„Страв и надеж“ – нова премиера во Македонскиот народен театар

На 22 април во Македонскиот народен театар (МНТ) ќе се одржи премиера на претставата „Страв и надеж“ од германскиот драмски автор Франц Ксавер-Крец, во режија на Татјана Мандиќ-Ригонат од Белград.

 

Претставата носи силна актерска екипа: Александар Микиќ, Тања Кочовска, Тони Михајловски, Никола Ристановски, Сашка Димитровска, Сашко Коцев, Дарја Ризова, Наталија Теодосиева, Дамјан Цветановски и Нела Павловска.

 

„Страв и надеж“ е драмска партитура составена од сцени кои варираат околу една централна состојба: современиот човек турнат до работ на егзистенцијата.

 

Ликовите живеат под притисок поради невработеност, страв од губење работа, чувство на пониска вредност и постојана несигурност. Интимните односи стануваат простор каде што се прелева целата фрустрација, а човечкото достоинство директно се соочува со суровите механизми на современиот капиталистички систем.

 

Следните изведби на „Страв и надеж“ се закажани на 27 и 28 април.

 

Билетите се достапни на билетарницата на МНТ.

Мени за пристапност