Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Со свечено отворање на 9 мај, започнуваат Мајските оперски вечери

Со свечено отворање на 9 мај, започнуваат Мајските оперски вечери

Отворањето на 54. издание на фестивалот „Мајски оперски вечери“ ќе се одржи на 9 мај во Националната опера и балет во Скопје, со што ќе започне едномесечната програма посветена на оперската уметност.

 

Во рамките на фестивалот, публиката ќе има можност да проследи изведби на познати оперски дела од светскиот репертоар, со учество на врвни домашни и странски уметници. Настаните ќе се одвиваат во текот на целиот месец мај.

 

Фестивалот „Мајски оперски вечери“, кој и годинава го потврдува својот статус како еден од најзначајните културни настани во земјава, предизвика голем интерес кај љубителите на класичната музика.

Мени за пристапност