Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

„Шехерезада“ повторно ја освојува сцената на Националната опера и балет

„Шехерезада“ повторно ја освојува сцената на Националната опера и балет

На 19 септември 2026 година од 20:00 часот на сцената на Националната опера и балет ќе биде изведен балетот „Шехерезада“ од Николај Римски-Корсаков – ремек-дело инспирирано од „Илјада и една ноќ“, кое ја спојува магијата на ориенталните приказни со раскошот на балетската уметност.

 

Под диригентската палка на Бисера Чадловска, со кореографија на Михаил Крапивин и првична постановка на Михаил Фокин, сценографија на Марија Ветероска и костими на Маја Бурсаќ, публиката ќе има можност да ја проследи оваа приказна исполнета со страст, љубомора, интрига и мистерија.

 

Во улогите настапуваат Наташа Трендафилова Гицев и Балаж Лочеи од Унгарија, заедно со првенците, истакнатите солисти, солистите, балетскиот ансамбл и оркестарот на Националната опера и балет.

Мени за пристапност