Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

„Секстет“ премиерно на сцената на Битолскиот театар

„Секстет“ премиерно на сцената на Битолскиот театар

НУ Народен театар Битола ќе ја изведе премиерата на најновата театарска продукција – комедијата „Секстет“, во режија и адаптација на Марјан Георгиевски, на 25 април 2026 година во 20 часот на Големата сцена. Првата реприза е закажана за 27 април во истиот термин.

 

Претставата е современа сценска интерпретација според делото на Марк Камолети, која низ динамичен тек, недоразбирања и неочекувани ситуации ја истражува човечката природа. Се одликува со ансамбл-игра и јасна режисерска визија.

 

Во претставата играат: Николче Пројчевски, Катерина Аневска Дранговска, Александар Димитровски, Сандра Грибовска Илиевска, Марија Цветановска и Борче Ѓаковски.

 

Авторскиот тим го сочинуваат: Андреј Георгиевски – костимографија, Влатко Чачоровски сценографија, Александар Димовски музика, Горан Петровски светло и Николче Терзиевски тон. Дизајнот на постерот е на „Тхе Мичо“.

 

Претставата е наменета за публика над 16 години.

 

Мени за пристапност