Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Саботно матине во Музејот на современата уметност

Саботно матине во Музејот на современата уметност

Во Музејот на современата уметност во Скопје в сабота (17.10.2026 г.) ќе се одржи МСУ – Водич и матине, со кустосот Бојана Јанева. Таа ќе ги прошета присутните низ трите отворени изложби во Музејот на современата уметност, а настанот ќе биде придружен со музички избор на Дарко Марковски.

 

Прошетката ќе биде низ изложбите: „Благоја Маневски: 40 години творештво“, „Пикасо – сликата на Музејот“ и „Солидарноста како иднина“.

 

Ретроспективната изложба на Благоја Маневски го следи неговиот творечки пат од 1985 до 2025 година. Куратори на изложбата се Лилјана Неделковска и Натали Рајчиновска-Павлеска, а координатор на проектот е Благоја Варошанец.

 

Изложбата „Пикасо – сликата на Музејот“ претставува избор од колекцијата на Музејот на современата уметност. Во нејзиниот фокус е делото „Глава на жена“ од 1963 година на Пабло Пикасо, кое со текот на времето прераснало во еден од препознатливите визуелни симболи на Музејот. Куратори на изложбата се Благоја Варошанец, Владимир Јанчевски и Ива Димовски.

Мени за пристапност