Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

„Саботна ноќна треска“ на тројца македонски автори во КИЦ во Белград

„Саботна ноќна треска“ на тројца македонски автори во КИЦ во Белград

Во Македонскиот културно-информативен центар во Белград вечер во 19:30 часот ќе биде отворена изложбата „Саботна ноќна треска“ на уметниците Марија Ветероска, Игор Сековски и Иван Блажев.

 

Изложбата, која премиерно беше поставена во Скопје во 2024 година, преку видео и просторни инсталации и серија фотографии ја истражува социјалната, психолошката и урбаната фрагментација на современиот живот во Скопје. Куратор на изложбата е д-р Ана Франговска, а поставката ќе може да се разгледа во КИЦ во Белград до 1 ноември.

 

Изложбата се реализира со финансиска поддршка од Министерството за култура и туризам, во рамките на годишната програма за проекти од областа на меѓународната соработка.

Мени за пристапност