Во Драмскиот театар вчера се одржа првата проба на претставата „Ова е само крајот на светот“ по истоимената драма на Жан-Лик Лагарс.
Преводот, адаптацијата и режијата се на режисерката Теа Беговска. Сценограф и костимограф на претставата е Надиа Василева од Бугарија, а музиката е на Енес Беговски. Инспициент е Гоце Бојчев, а суфлер е Жаклина Цветковска. Улогите ги играат актерите на Драмскиот театар:
Стефан Вујисиќ, Биљана Драгиќевиќ-Пројковска, Александар Степанулески, Сара Климоска и Ања Митиќ.
Директорот Роберт Вељановски на првата проба ги поздрави колегите, им посака успешен процес и го изрази задоволството што 2026 година ја почнуваме со подготовка на овој познат текст на Жан-Лик Лагарс, кој има и своја филмска верзија. „Ова е само крајот на светот“ е првата претстава што се подготвува во Драмски во годината кога театарот го обележува 80-годишниот јубилеј. Премиерата се планира за 7 март.