На 7 август (четврток) 2025 год., со почеток од 18:30 часот, во галеријата на Македонскиот КИЦ во Софија, ќе биде отворена изложбата „Простори на конјункција“ – кураторски проект на Националната галерија на Македонија.
Кураторскиот тим (д-р Ана Франговска, Горанчо Ѓорѓиевски, Маја Неделкоска-Брзанова и Маја Чанкуловска-Михајловска) на Националната галерија на Македонија ќе претстави дела од 20 македонски современи уметници.
Претставници од Галеријата заедно со директорот Али Синани ќе присуствуваат на официјалното отворање на изложбата, а пред публиката ќе се обрати директорот на Културниот центар, Проф. д-р. Зоран Пејковски.
Истата ќе биде поставена до крајот на август 2025.