Институтот за фолклор „Марко Цепенков“ при УКИМ денес, 24 ноември, ќе ја промовира својата дигитална архива, која за првпат ќе овозможи презентација на богатото архивско наследство на Институтот преку фотографии, записи и аудиоматеријали од различни области.
Проектот е реализиран во соработка со компанијата „4 Виртус“, што ја изработи техничката платформа, а е поддржан од Министерството за култура и туризам преку конкурсот за креативни индустрии.
На промоцијата ќе учествуваат проф. д-р Зоранчо Малинов, проф. д-р Јана Манева-Чупоска, проф. д-р Емилија Апостолова-Чаловска, доц. д-р Стојанче Костов и проф. д-р Александра Кузман.
Настанот ќе се одржи во Кинотеката на Македонија од 12:30 часот.