Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Премиера на претставата „Лов на дива свиња“ во МНТ

Премиера на претставата „Лов на дива свиња“ во МНТ

На малата сцена во Македонскиот народен театар на 19 јули со почеток во 20:30 часот, во рамките на фестивалот „Скопско лето“, ќе се одигра премиерата на претставата „Лов на дива свиња“ од црногорската современа писателка Марија Сарап, а во режија на Наташа Поплавска.

По потпишувањето на меморандумот за соработка, претставата ќе се реализира со  копродукција меѓу Македонскиот народен театар, Градски театар од Подгорица и Здружението за развивање уметност и културна соработка „Арт медиа“ од Скопје. Во претставата учествува актерска екипа од двете земји: Ана Стојановска, Искра Ветерова-Славенска и Мина Јелушиќ-Јериниќ од Македонија, како и Ѓоргије Татиќ и Вукан Пејовиќ од Црна Гора. Премиерната изведба во Подгорица, Црна Гора, е планирана за септември.

Мени за пристапност