Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Премиера на претставата „Ифигенија за ништо“ во Драмски театар

Премиера на претставата „Ифигенија за ништо“ во Драмски театар

Претставата „Ифигенија за ништо“ работена по текстот „Ифигенија од Авлида“ од Еврипид, во адаптација, режија и кореографија на Филип Петковски, премиерно ќе биде изведена на 5 април во 20:00 часот на сцената на Драмскиот театар.

Улогите ги толкуваат: Нина Елзесер , Димитрија Доксевски, Филип Трајковиќ, Јелена Жугиќ, Стефан Вујисиќ, Сара Климоска, Марјан Наумов, Томислав Давидовски. Хорот го сочинуваат актерките: Ивана Павлаковиќ, Ања Митиќ, Јована Спасиќ, Александра Павлова Бубања и Јована Миладинова како гостин.

Сценографијата е на Мартин Манев, костимограф е Антонија Гугинска-Јорданоска, a дизајн и аранжман на музиката e Давид Николовски.

Претставата не се препорачува за лица под 16 години. Следните изведби ќе бидат на 11 и 15 април.

Мени за пристапност