Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Премиера на „Кататонија“ во режија на Васил Христов во МНТ

Премиера на „Кататонија“ во режија на Васил Христов во МНТ

На големата сцена на Македонскиот народен театар, денеска (3.6.2025 година), со почеток во 20:00 часот, ќе се одржи премиерната изведба на претставата „Кататонија“, по мотиви од драмскиот текст на Алис Бирч, во режија на Васил Христов и драматургија на Викторија Рангелова-Петровска.

Во претставата играат: Верица Недеска, Ања Митиќ, Сања Арсовска, Јасмина Билаловиќ, Јасмина Василева, Игор Ангелов, Дениз Абдула и Владимир Петровиќ. Како костимограф се потпишува Роза Трајческа-Ристовска, сценографското решение и изборот на музиката се на Васил Христов, а дизајнер на плакатот е Денко Матевски. Инспициент на проектот е Саво Ивановски. Претставата е копродукција на Вондерленд театар – Скопје и Македонскиот народен театар.

Мени за пристапност