Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Потпишување Меморандум за соработка на Министерството за култура и туризам и Амбасадата на Француската република во Скопје

Министерство за култура и туризам Министерство за култура и туризам

Министерството за култура и туризам, Амбасадата на Франција и Францускиот институт во Скопје со особена чест ве покануваат на 12 јуни (петок) во 12:00 часот, во просториите на Француски институт во Скопје (Градски ѕид, блок 5) на свечено потпишување на:

Меморандум за соработка во областа на културата и туризмот помеѓу Министерството за култура и туризам на Република Северна Македонија и Амбасадата на Француската Република во Скопје

 Овој документ кој ќе биде потпишан од страна на министерот за култура и туризам на Република Северна Македонија, г. Зоран Љутков,  и Н.Е. г. Кристоф Ле Риголер, Амбасадор на Франција е од особено значење во насока на придонесот кон унапредувањето на билатералните односи меѓу двете земји во доменот на институционалната соработка, културата, уметничките размени, експертиза и обуки на професионалци, поддршка на културните и креативните индустрии и заштита на културното наследство.

Овој меморандум претставува конкретен чекор напред во долгогодишното пријателство и соработка помеѓу двете земји.

Мени за пристапност