Во контекст на современите културни процеси и зголемената потреба од системска меѓународна соработка, во просториите на Македонскиот културно-информативен центар во Софија беше реализиран значаен институционален чин – потпишувањето на Меморандумот за соработка меѓу Македонскиот КИЦ во Софија и Кинотеката на Македонија. Настанот претставува промислен и стратешки исчекор во насока на унапредување на културната дипломатија, институционално вмрежување и долгорочно позиционирање на македонската култура во меѓународниот културен простор.
Меморандумот беше потпишан од директорот на Македонскиот културно-информативен центар во Софија, проф. д-р Зоран Пејковски, и директорот на Кинотеката на Македонија, Бошко Грујоски, со што формално се воспостави рамка за стабилна, континуирана и суштинска соработка меѓу двете институции. Со овој чин се артикулира заедничката визија за стратешко партнерство, засновано врз принципите на заемна поддршка, професионална компетентност и институционална одговорност.
Потпишувањето на Меморандумот за соработка меѓу Македонскиот културно-информативен центар во Софија и Кинотеката на Македонија претставува значаен придонес кон меѓународната културна политика и афирмација на македонската култура, потврдувајќи ја улогата на културата како суштински елемент на современата културна дипломатија и како траен простор за создавање, комуникација и вредносна размена.