Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

„Последните селани“ отворена пред софиската публика

„Последните селани“ отворена пред софиската публика

Во саботата, во изложбениот салон на Македонскиот културно-информативен центар во Софија беше отворена меѓународната фотоизложба „Последните селани“, проект на АРТ ПОИНТ – ГУМНО од Слоештица, Демир Хисар.

Изложбата претставува визуелно сведоштво за животот, традицијата и исчезнувањето на македонското село преку фотографии на автори од повеќе земји, создадени во рамките на уметничките резиденции и колонии на АРТ ПОИНТ – ГУМНО.

На отворањето се обратија директорот на Македонскиот културно-информативен центар во Софија, проф. д-р Зоран Пејковски, и основачот на АРТ ПОИНТ – ГУМНО, ликовниот уметник Сергеј Андреевски, кои го истакнаа значењето на уметноста во зачувувањето на културното наследство, меморијата и идентитетот.

Изложбата ќе биде достапна за посетителите во наредниот период во просториите на Македонскиот културно-информативен центар во Софија.

Продолжува циклусот бесплатни проекции на македонски филмови во Синеплекс

Со проекцијата на филмот „Сестри“ на Дина Дума, денеска започнува јунската програма од циклусот бесплатни проекции на македонски филмови во Синеплекс, во организација на Агенцијата за филм.

Проекциите се одржуваат секој понеделник со почеток во 18 часот, а влезот е бесплатен по принципот „прв дојден, прв услужен“, без претходна резервација на билети.

Во текот на месецот ќе бидат прикажани и филмовите „Плати и жени“ на Атанас Георгиев, „Сите го бараат Реџо“ на Ибер Деари и „Домаќинство за почетници“ на Горан Столевски, додека програмата ќе заврши со проекции на четири македонски краткометражни филмови.

Од Агенцијата за филм посочуваат дека целта на проектот е македонскиот филм да стане подостапен за публиката и да добие поголема видливост на големото платно.

 

Мени за пристапност