Од денеска до 18 август во Галичник ќе се одржи 36. Ликовна колонија Галичник 2025. Со јасна ориентација кон современите текови во визуелната уметност, колонијата и понатаму гради платформа за иновативна, интер-/транс-дисциплинарна и концептуална продукција.
На Колонијата ќе учествуваат: Никола Радосављевиќ (Србија) – видео уметност, инсталации, Дејан Крстиќ (Србија) – звучна уметност, перформанс, Красимир Терзиев (Бугарија) – дигитална уметност, текст, Калина Димитрова (Бугарија) – фотографија, архивски пристап, Далиа Белосиноф (Грција) – визуелна поезија, инсталации, Мариа Анвандер (Австрија) – концептуални текстуални интервенции, Клара Вит (Австрија) – медиумски инсталации, фотографија, Ренеа Беголи (Косово) – цртеж и предмети на меморија, Лука Соудан (Холандија) – аудиовизуелни композиции, Иванчо Талевски (С. Македонија) – микс-медија, личен архив и Ана В’цкова (С. Македонија) – дигитален колаж, фотографија.